Макрон се предомисли: Би ја примил вакцината на Астра Зенека кога ќе дојде ред на мене

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека вчера со задоволство прифатил да биде вакциниран против ковид 19 со вакцината на Оксфорд/Астра Зенека ако биде во понуда кога тој ќе дојде на ред.

„Со оглед на најновите научни студии, ефикасноста на вакцината на Астра Зенека е докажана“, рекол Макрон на новинарите после вирутелниот самит на ЕУ.

„Ќе дојде мојот ред, но имам време. Ако таа биде вакцината која ќе ми биде понудена, ќе ја земам, секако“, додал Макрон.

Макрон предизвикал запрепастување во Велика Британија откако претходно оваа година рекол дека вакцината деливала „квази неефикасно“ меѓу постарите од 65 години, потсетува Ројтерс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега