Макрон понудил решение за војната, но Зеленски не го прифатил

Францускиот претседател Емануел Макрон побарал од Украина да направи отстапки во однос на суверенитетот, по што Володимир Зеленски испрати јасна порака.

Како што пренесе „Политико“, Макрон побарал од Украина „да му помогне на рускиот лидер Владимир Путин да си го сочува образот“.

Во интервју за италијанската национална телевизија РАИ, Зеленски беше прашан за коментарот на Макрон претходно оваа недела за тоа како Европа мора да избегне да го понижува Путин.

„Сакаме руската армија да ја напушти нашата земја, ние не сме на руска почва“, рече Зеленски.

„Не сакаме да му помогнеме на Путин да си го сочува образот со тоа што ќе платиме со своја територија. Тоа би било неправедно“, подвлече тој.

Зеленски додаде дека Украина никогаш нема да ја признае руската анексија на Крим.

„Макрон залудно бараше излез за Русија“, рече тој.

13.05.2022 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа