Макрон не ја прифати оставката на француската премиерка

 

Францускиот претседател Емануел Макрон не ја прифати оставката на премиерката Елизабет Борн.

Првиот човек на државата кажа дека ќе изврши „неопходни политички консултации за да се најдат конструктивни решенија во служба на Французите“ се наведува во соопштението објавено пред почетокот на серијата состаноци на Макрон со шефовите на партиите, денеска и утре.

Макрон ја одбил понудената оставка „за Владата да биде посветена на својата работа во актуелните денови“ јавува „БФМ“

21.06.2022 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа