Макрон на српски јазик со кирилично писмо изрази сочувство за смртта на патријархот Иринеј

Претседателот на Франција Емануел Макрон сподели објави на неговите социјални медиуми, во кои се обраќа на српски јазик, за да изрази сочувство до Србите за смртта на патријархот Иринеј.

– Му се јавив на српскиот претседател Александар Вучиќ да изразам сочувство по дознавањето на тажната вест за заминувањето на патријархот Иринеј. Франција им се придружува на сите Срби во жалост – напиша Макрон на српски и француски јазик.

Инаку, денес во Србија се оддржува комеморација во чест на поглаварот на СПЦ, Иринеј кој вчера ја загуби битката со Коронавирусот, а ќе биде погребан утре.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2020 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега