Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека евентуален план за мир меѓу Русија и Украина може да биде постигнат единствено со директно учество на Киев и европските партнери во преговорите. Тој нагласи дека прашањата поврзани со украинските територии може да ги финализира само претседателот Володимир Зеленски.

Денес нема завршен план. Во однос на прашањето за териториите, тој може да биде финализиран само од претседателот Зеленски“, истакна Макрон на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател во Париз.

Макрон додаде дека идниот мировен договор ќе мора да ги вклучи европските држави, особено кога станува збор за неколку клучни прашања – употребата на замрзнатите руски средства, безбедносните гаранции за Украина, европските санкции и процесот за членство на земјата во Европската Унија.

Сè уште сме во прелиминарна фаза“, додаде францускиот претседател.

Макрон се осврна и на корупцискиот скандал во Украина, кој резултираше со оставка на високиот претседателски советник Андриј Ермак. Тој порача дека Франција нема намера да ја поучува Украина, но дека очекува отчетност.

Додека даваме пари и поддржуваме воени напори, нормално е да бараме. Но, забележувам дека борбата против корупцијата функционира, бидејќи се носат одлуки, а некои од нив се политички. Дали е наша улога да ѝ даваме лекции на Украина? Не баш. И ние сме имале слични скандали“, рече Макрон.

Тој додаде дека во Русија не постојат вистински антикорупциски механизми, „бидејќи таму има вистинска диктатура“, за разлика од Украина, каде што, според него, институциите барем функционираат.

Exit mobile version