Макрадули: Забрана за увоз на отпад не може да има – Северна Македонија повеќе извезува отколку што увезува отпад

Не може да има забрана за увоз на отпад бидејќи земјава повеќе извезува отколку што увезува отпад, тврди за Детектор заменик министерот за животна средина Јани Макрадули.
Тој вели дека земјава е потписник на голем број меѓународни конвенции и не може еднострано да реши да забрани увоз на отпад.

„Јас не сум за решенија кои што забрана се обидуваат да регулираат некоја сфера. Република Северна Македонија е потписник на неколку конвенции има преземено многу обврски. Ние сме дел од еден систем во кој што и се увезува и се извезува и се користат придобивките на современите технологии, најдобрите светски пракси и најдобро достапните техники. Како пример, Република северна Македонија повеќе извезува отколку што извезува отпад.“ – вели Макрадули

Тој додава дека земјава не е во ситуација да забрани увоз на отпад бидејќи така нема да има каде да го извезува својот, а има и таков кој што е опасен и кој што не може да се уништи во земјава.

„Вие имате, на пример во „Охис“, едно 15тина тони опасен отпад кој што треба да биде извезен во западно европска земја. Ние сме дел од еден систем, бидејќи третирањето на опасниот отпад не може да го направиме кај нас, тој може да биде истретиран само во високо развиена земја со високо развиена технологија.

Со Макрадули се согласува и поранешната заменик министерка за животна средина, Соња Лепиткова, која вели дека земјава не може да се откаже од придобивките на современата технологија. Таа апелира да се засилат контролите и инспекциите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2020 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега