Макрадули става печки во подрачни училишта - тоа му бил планот за чист воздух

Заменик-министерот Јани Макрадули при пуштање во употреба печка на пелети во училиштето во Долно Лисиче изјави дека станиците за воздухот кои се расипани ќе бидат поправени во 2019 година, но не прецизира точно кога.

- „Се работи за стар дотраен инструмент, еве, конкретно, во Лисиче, кој не ги мери ПМ 10-честичките. Не бегаме, ниту се криеме од граѓаните, потребно е време за санација и ветувам дека во 2019 ќе функционираат сите станици“. Ние правиме напори со министерот на Република Србија и други партнери да се најде привремено решение“, рече Макрадули додавајќи дека поставувањето печка во мало подрачно училиште не е парцијално решение, туку дел од стратегијата.

- „Ова не е ад хок решние. Знаете, клучен извор за затоплување во јавните институции е нафтата и ние, еве, го правиме тоа, ќе ги замениме со екогориво“, рече тој.

 

Извор: Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2018 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега