Макрадули: Работата на депонијата Дрисла под лупа- најави санкции за сите фирми кои не работоат според стандардите

Инспекторатот за животна средина во декември до обвинителството доставил извештаи од надзорот на работата на депонијата Дрисла за изминатата година, рече заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, пренесува „Сител“.

Најави дека освен работата на компанијата „Еко клуб“ која несоодветно третирала медицински отпад пред да се гори на Дрисла, во наредниов период ќе се проверуваат дозволите и на другите компании кои горат отпад.

Макрадули најави санкции за сите фирми кои не работат согласно стандардите. 

Ова следи по вчерашната конференција на Град Скопје кои информираа дека во Дрисла се горел медицински отпад кој не бил соодветно третиран.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2020 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега