Макрадули: Помалку пари за клима отколку за дрва - Ќе се бориме со загадувањето

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули денеска на прес-конференција информираше за Планот за чист воздух.

- „Во согласност со еден од своите врвни програмски приоритети „Планот за борба против аерозагадувањето“, Владата на Република Северна Македонија на неколку од последните седници донесе низа мерки и дополнувања за поефикасни резултати во справувањето со ова прашање. На вчерашната 153-та седница на Владата, се донесе Одлука за пренамена на средствата од Планот за чист воздух со цел да се замени системот на затоплување во болницата во Струмица од нафта на гас. Со тоа, се дозаокружи имплементацијата на првиот План за чист воздух во вредност од 2 милиони евра. Дозволете да ви презентирам уште неколку одлуки опфатени со овој План, изјави Макрадули.

 

 ·         За замена на опрема на нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти, се прифатија апликациите на СИТЕ 19 општини кои аплицираа, без разлика дали има мерна станица или не;

 

Во рамки на општините, ќе се распределат средства и објекти.

·        

Во 16 општини ќе бидат поддржани проекти за енергетската ефикасност

·        

Во 8 општини, вклучително и о Градот Скопје се определени средства за нови површини со урбано зеленило

·        

Обезбедени се средства за пречистувачи 34 училишта

·        

Филтри за компаниите

 

- Како пример, дозволете да го нагласам почетокот на процедурата во МВР кое покрена постапка во две полициски станици, во Струмица и во Кочани, греењето на нафта да се замени со гас, односно со помош на термални пумпи. Сакам да се заблагодарам на МЕПСО, кое во рамки на своите ингеренции донесе Одлука за поддршка на Планот за чист воздух 2019 и издвои средства со кои ќе биде заменето затоплувањето во една градника во општина Центар од нафта на електрична енергија. Покрај јавните институции (градинки, училишта и здравствени установи), како Влада имаме уште една битна компонента во имплементацијата на Планот, а тоа се домаќинствата кои користат огревно дрво за затоплување. Во општините на Градот Скопје, Тетово, Битола и Кичево, ќе започнеме со доделување на средства за целосна замена на печките на дрва со високо ефикасни инвертер клими. Граѓаните во зоните каде загадувањето е најголемо (зони со ниски емисии), согласно закон, ќе можат да набават инвертер клими. Сакам да напоменам дека споредбено трошоците за инвертер клими се помали од оние кои е се потребни за греење со дрва, вели тој.

 

 

Вкупни годишни трошоци за греење на површина од 60 м2:

·        

Инвертер клима                                11.734

·        

Дрва                                                    18.586

·        

Нафта за домаќинството      43.038

- Затоа сакам да потенцирам дека греењето со инвертер клими е еден од најеколошките начини на греење и, согласно сегашните цени, и најекономично. Освен тоа, покрај загревањето во зимскиот период, инвертер климите во летните месеци ќе ги ладат домовите на граѓаните. Затоа верувам дека многу граѓани ќе ја искористат оваа можност, а ние ќе ги увериме дека тоа е постапка која ќе им донесе ним заштеда и ефикасно решение за затоплување и ладење на нивните домови. Ова се само дел од активности за намалување на аерозагадувањето кои се комплементарни на низа акции во градот Скопје и другите општини, за кои имаме проекции дека ќе учествуваат во сериозно намалување на степенот на загаденоста на воздухот", вели Макрадули.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега