Макрадули: „Дрисла“ требаше, а не направи инсталација што ќе произведува РДФ алтернативно гориво

 

Она што е решение во државата, што требаше, а не го направи „Дрисла“ е да се направи кај нас инсталација што ќе произведува РДФ. Тоа е решението, истакна заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

– За да немате купишта отпад, тој да се обработи и тие купишта да ги нема, бидејќи тие купишта отпад ја загадуваат почвата и воздухот, туку да ги обработите и од домашни извори помалку да се извезува и повеќе да се искористат како ресурси, а со тоа да се остварат принципите на циркуларната економија. Впрочем, тоа го пишува и во новиот Њу Грин Дил на новата Европска комисија. Во А интегрираната дозвола и во Оперативниот план, МЖСПП и даде обврска на претходниот состав на „Дрисла“. Кога ќе добиете А интегрирана дозвола имате правила како се постапува. Сите компании што имаат А интегрирана дозвола имаат план  што треба да направат ако се случи нешто, дека мораат да инсталираат своја мерна станица за мерење на емисиите во воздухот, мораат да имаат пречистителна станица. Тие се правила и прописи и тоа го прави Министерството. Бидејќи не ги исполниле условите да влезат во креирањето на изградба на инсталација за преработка која генерира РДФ алтернативно гориво, дел од тоа беа причините зошто и се одзеде дозволата, посочи Макрадули при посетата на градинката „Панорама-Водно.

На новинарско прашање околу тоа дека има информации дека пратениците од владејачкото мнозинство се согласиле да го гласаат законот за забрана на увоз на отпад, тој одговори дека не може да влијае врз нив во носењето одлуки, туку дека само ќе ги каже аргументите.

– Јас бев пратеник 14 години во Парламент и пратениците се самостојни во носењето на одлуките. Јас не можам да влијаам, освен да ги кажам аргументите. Јас ќе се согласам со дел од изјавите на невладините организации, пред се од О2 коалицијата дека овој закон е недоречен и дека тој нема да ги реши работите. Самиот закон е неприменлив. Ако следите по медиумите, конечно се потврди она што го зборувавме ние како Министерство, односно од експертски аспект. РДФ горивото е алтернативно гориво кое не е опасен отпад. Ако не се користи РДФ кој што се користи за намалување на ЦО2 емисиите, за намалување на стакленичките гасови, тогаш компаниите што тоа го прават ќе треба да користат друг енергенс кој не е во домен на МЖСПП, а тоа значи мазут и петрол кокс кои се енергенси што загадуваат, изјави Макрадули.

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули на новинарско прашање во врска со најавата на Движењето за чист воздух за блокирање пред Цементарница Усје, рече дека Државниот инспекторат за животна средина постојано вршат редовни и вонредни контроли и се проверуваат емисиите што се во воздухот.

– Не се запрени контролите  и не се попушта на никого. Тоа е јасно во овој период. И за тоа кога оваа година првпат беа мерките, еднаш се доведовме во ситуација на алармирање, едната од печките во компанијата не работеше, рече Макрадули.

Тој повика на широка дебата, каде експертите од оваа област ќе можат да го кажуваат своето мислење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2020 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега