Макфакс: Студен туш од ЕУ - земји членки ставаат рампа на преговорите за Македонија

 

 

Земји членки на ЕУ ставаат рампа на почетокот на преговорите на Македонија за влез во Унијата, јавува Макфакс повикувајќи се на извбвори од Брисел. Забелешките во документот освен за Македонија, се однесуваат и на Албанија. Според извори на агенцијата зад негативниот документ, не стојат сите земји членки на ЕУ. Иако еврокомесарот Јоханес Хан го потенцираше јуни како датум за отпочнување на преговорите, во документот се наведува дека почеток на преговорите е можен идната година на пролет.

„ За ПЈРМ, и покрај вистинските промени во општата атмосфера во земјата, извештајот не покажува јасен суштински напредок во спроведувањето на Итните реформски приоритети. Имплементацијата на новите судски реформи е “тукушто започната“ и треба долгорочен напредок и континуирана промена во однесувањето. Неопходни се повеќе напори за да се обезбеди регрутација врз основа на заслуги и деполитицизација на јавната администрација (“заробена држава“). Борбата против корупцијата и организираниот криминал се уште не даде задоволувачки резултати: и покрај поставената правна и институционалната рамка, корупцијата преовладува во многу области и продолжува да биде сериозен проблем, додека пак капацитетот на институциите за ефективно да се справат со корупцијата има покажано структурни и оперативни недостатоци, меѓу кои е и политичкото мешање“, пишува меѓу другото во негативната препорака.

 

 

 

25.05.2018 - 22:33
Фото: 
Макфакс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа