Македонските рисови на утрински тренинг- во недела ќе играат против Австрија

Македонските фудбалски репрезентативци утринава одржаа тренинг на стадионот Стеауа во Букурешт пред стартот на Европското првенство.

На тренингот главен акцент беше ставен на менталната подготовка и задржување на позитивната атмосфера во тимот на селекторот Игор Ангеловски.

Македонија се подготвува за првиот натпревар против селекцијата за Австрија кој е закажан за во недела, 13-ти јуни со почеток од 18 часот.

Репрезентацијата на Македонија е дел од Ц-групата каде се сместени и репрезентациите на Холандија и на Украина.

11.06.2021 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега