Македонските кошаркари се степаа на терен - се приклучија и родителите

Сериозен инцидент се случи на седмото коло од Втората кошаркарска лига-запад, откако натпреварот меѓу Лирија и Академија ФМП не се доигра после тепачката што се случи на теренот во салата „7 Март“, објави „Екипа“.

Немилиот настан се случил во тек на третата четвртина, кога дошло до физичка пресметка. Хаосот бил комплетен откако во тепачката влетале и неколку родители од трибините, по што официјалните лица решиле натпреварот да биде прекинат и воопшто да не се доигра.

Комесарот за натпреварување дефинитивно ќе има полни раце работа, а ќе треба час поскоро да се пресече со сериозна казна, за ваквите настани од кошаркарските терени да бидат искоренети еднаш засекогаш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2018 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега