Македонските директори очекуваат големи поскапувања во 2021 и многу нови отпуштања

Бизнис секторот не е оптимистички расположен. Повеќе од половината од финансиските директори во Македонија очекуваат раст на невработеноста и стапка на раст на БДП помала од половина процент.

Според истражувањето спроведено од ревизроско консултантската куќа Делоите во декември минатата година, кое го претставува мислењето на 590 финансиски директори од 17 централноевропски земји, евидентен е општиот негативен надолен тренд во однос на претходната година во врска со изгледите за иднината. Просечниот очекуван раст на БДП за 2021 година е само 0,25 отсто. 

Македонските директори во огромно мнозинство очекуваат во годината што следи значително да пораснат цените на сите производи

57% од македонските директори очекуваат во годината што е пред нас да се зголеми стапката на невработеност , а исто толкав процент се на ставот дека економијата нема да има некој поголем раст, Општиот впечаток, како што заклучува угледната ревизорска куќа е дека во 2021 инвеститорите и во Македонија но и во регионот ќе се воздржат од преземање на поголеми ризици.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2021 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа