Македонскиот тим од Историската комисија: Бугарски историчари шират лажен триумфализам

Членовите на македонскиот дел од Комисијата посочуваат дека во утврдениот текст никаде не се пишува за бугарски национален карактер на Македонија, на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, туку дека тоа е обид на овие историчари да избегаат од фактот оти текстовите ги негираат националистичките теории востановени во Бугарија во кои се тврди дека старословенскиот е старобугарски или дека Кирил и Методиј се бугарски просветители.

– Тоа е така бидејќи очигледно не сакаат да прифатат дека во средниот век лојалноста е кон династија или круната и тоа не значи културна и етничка припадност, а употребата на политоними (Бугарија) не е еднакво на етноним, се посочува во пораката на македонските историчари.

Според Османи, овие бугарски историчари намерно се обидуваат да ги поткопаат постигнатите решенијата на Комисијата договорени уште во 2019 година.

– Во Република Бугарија апсолутно нема чувство на триумфализам, истакна Османи.

Членовите на македонскиот дел од Комисијата посочуваат дека во утврдениот текст никаде не се пишува за бугарски национален карактер на Македонија, на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, туку дека тоа е обид на овие историчари да избегаат од фактот оти текстовите ги негираат националистичките теории востановени во Бугарија во кои се тврди дека старословенскиот е старобугарски или дека Кирил и Методиј се бугарски просветители.

– Тоа е така бидејќи очигледно не сакаат да прифатат дека во средниот век лојалноста е кон династија или круната и тоа не значи културна и етничка припадност, а употребата на политоними (Бугарија) не е еднакво на етноним, се посочува во пораката на македонските историчари.

Членовите на македонскиот тим на Комисијата нагласуваат и дека средновековните државни атрибути немаат идентитетско значење како што денес ги разбираме, посебно не во тој ран средновековен период.

Во реакцијата на македонскиот тим од Историската комисија се додава и дека по објавените решенија во јавноста излегоа реакции во кои доминираа клевети, обвинувања и манипулации за ненаучност, предавство и бугаризација, без притоа да се понудат аргументи за тоа, а оние малку аргументи што се нудат всушност се произволни, нестручни и селективни толкувања на историјата, со употреба на празна и исполитизирана реторика за наводна бугаризација на Македонија и Македонците.

19.08.2022 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега