Македонскиот финалист ја прозва победничката на Гранд - Сега повторно распали на Фејсбук

Македонскиот финалист во „Ѕвездите на Гранд“, Дарко Даринос успеа да остави силен впечаток во музичкото шоу, а откако победата ја однесе младата Џејла, тој ја нападна на Фејсбук.

- Едно големо благодарам до сите што гласаа за мене (3900) гласови, со оглед на тоа дека воопшто не се замарав со тоа кој ќе гласа за мене(не креирав штабови за гласање и слично) зашто веќе се знаеше победникот уште не самиот почеток на ова натпреварување за жал, а сите бевме свесни за тоа… На тој „победник“ јас лично му одржав час по пеење така да публицитет и квалитет се две различни работи, но неважно… Јас лично сум презадоволен од освоеното 10-то место, се надевам и вие кои што гласавте за мене од мојот настап вечерта. А тоа што се случува со мене понатака само Бог ќе одлучи, во суштина одлучува за сите нас без разлика колку ние луѓето форсираме некој за било што во животот… А мене ми преостанува да ви пеам на сите и да ја споделувам мојата емоција со вас драги мои. Како и да е, честитки за победникот! – заврши Даринос во своето обраќање до фановите и оние кои во финалето го дадоа својот глас за него, напиша Даринос.

Сега повторно се огласи на Фејсбук.


- ПОДОБРО ДА НЕ МЕ САКААТ ПОРАДИ ТОА ШТО СУМ .. ОД КОЛКУ ДА МЕ САКААТ ЗА НЕШТО ШТО НЕ СУМ !!
– кој ме сака ме сака … вистината боли и затоа некои луѓе се лутат и не ме сакаат, а оние што не се плашат од вистината и од критика нема зошто да не ме сакаат, јас само изнесувам свое мислење… подобро од мене да го слушнат од колку да му бидат прекажани и уште илјада пати извртени моите зборови… Добро утро драги мои, напиша Даринос на социјалните мрежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2019 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега