Македонски полицајци примиле мито од Србин за да не напишат казна - веднаш однесени во притвор

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 27-годишниот С.Ф.( и 22-годишниот Д.Т., полициски службеници во Полициската канцеларија Демир капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп“, казниво по член 357 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

-Пријавените во својство на службени лица, со намера да се стекнат со противправна имотна корист за да не извршат службено дејствие кое согласно законот биле должни да го извршат, односно да не изготват записник за сторен сообраќаен прекршок, на 11.10.2018 година на автопатот во близина на Демир капија, од државјанин на Република Србија побарале и примиле поткуп од 50 евра. Оштетениот откако ги дал парите, се упатил во Полициската станица Неготино, каде го пријавил случајот, по што веднаш, во содејство со јавен обвинител од ОЈО Велес, полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола преземаа мерки и активности за обезбедување докази и документирање на кривично правниот настан. Судија на претходна постапка на осомничените полициски службеници им одреди мерка притвор во траење од 30 дена- рече Ангеловски.

 

 

 

13.10.2018 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега