Македонски и косовски државјанин избегаа од затворот во Косово

Двајца затвореници, 28-годишниот К.Г. од Урошевац и 31-годишниот Ш.Н., дражавјанин на Република Македонија, двајцата осудени за кривично дело „тешка кражба“, побегнаа вчера од затворот Дубрава во Косово, по што, денеска, се уапсени двајца полициски офицери од овој затвор, јави дописникот на МИА од Приштина.

Извори од полицијата информираа дека полициските службеници се приведени и притворени под обвинение дека не обезбедиле соодветна придружба на затворениците, со што им овозможиле да побегнат од затворот.

- Затворениците работеле во еден од павилјоните на затворот и во еден момент ги искористиле околностите и побегнале, се вели во соопштението на полицијата.

Косовскиот и македонскиот државјанин и натаму се во бегство, а надлежните органи продолжуваат да работат на нивно пронаоѓање и целосно расветлување на случајот. 

 

 

 

16.09.2018 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега