Македонски и бугарски историчари разговарале за учебниците по основно образование

Во конструктивна атмосфера поминала 19-тата средба на заедничката мултидисциплинарна експертска Комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, што вчера и денеска се одржа во Софија.

Како што соопшти македонскиот тим во Заедничката комисија, членовите на Комисијата водеа дискусија на која беа разменети неколку предлог идеи за препораки за учебниците од основното образование, кои се однесуваат на средновековниот и раноосманлискиот период.

На средбата беа усогласени и потпишани записници од претходните средби. Со заемен договор на двајцата копретседатели на Комисијата, договорено е наредната средба на Комисијата да се одржи во средината на септември 2022 година, стои во соопштението.

13.05.2022 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега