Македонски дизајнер Дејан Христов, инспириран од култно „Југо“, замисли модерна верзија на едноставен градски „EV“ автомобил

И покрај едноставноста која ја понуди претставен во 1980 година, „Југото“ имаше шарм да ги освои народите на СФРЈ и тоа со прифатлива цена, а во 1985 година се појави и на американското тло.

Иако работитте во САД не одеа толку добро, бидејќи седиштето на фабриката било во поранешна Југославија, оваа марка на автомобил успеа да доминира и преку границите.

Сега, македонски дизајнер, Дејан Христов, испириран од овој култен статус, замисли модерна верзија на едноставен градски автомобил со електричен погон. Со оглед на тоа дека, оваа марка на автомобил, сеуште може да се најде на нашите патишта, модерната верзија на истиот, треба да дели повеќе од името со својот претходник.

Дејан во својата модерна интерпретација користел познати стилски знаци, вклучувајќи закривена хауба, хоризонтална линија на знаци и карактеристична задна форма. Модерниот и спортски изглед е постигнат со повеќе испакнати браници, продолжени браници, црни А-столбови и потенки ЛЕД светла.

Притоа, тој избрал добро познати (поранешни) југословенски споменици за неговите изработки, кои се наоѓаат во Крагуевац, Остра, Илирска Бистрица, Колашин, Крушево, Марибор, Скопје, Никшиќ, Белград и други места.

Доколку дигиталното рендерирање би се реализирало во стварноста, конкуренцијата би ги вклучила Peugeot e-208, Opel Corsa, Renault 5 и Honda e, иако цената би била поблиску до Dacia Spring. За потсетување, Југо беше произведено помеѓу 1980 и 2008 година во Крагуевац, Србија, и беа произведени вкупно 794.428 единици. Заснован е на „Фиат 128“, со погон на предните тркала и мотори со четири цилиндри со мал капацитет.

Во САД, претприемачот Малколм Бриклин продал вкупно 141.651 автомобили од 1985 до 1992 година, но и покрај одличниот почеток поради ниските цени, прашањата за квалитетот и сигурноста сериозно ја нарушија неговата репутација. Во 1987 година беа продадени 48.812 примероци, додека во 1992 година беа продадени само 1.412 примероци.

Дејан Христов ја замислува новата ера за „Југото“ и дури планира да го испрати својот проект до српската влада. Тој, исто така, сугерира дека „Rimac Automobili“ може да учествува во проектот, додека производството може да оди во „Stellantis“, која поседува фабрика во Крагуевац, па дури и на кинеска компанија. Притоа, литиумот за батерии од локални извори ќе ја намали цената на батериите колку што е можно повеќе. Сепак, засега, се останува на овие интересни рендери.

Ова е независна студија на ново „Југо“, кој ја креираше автомобилскиот дизајнер Дејан Христов, а не е потврдена од странскиот пазар.

 

27.09.2021 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега