Македонската полицијата со полни раце работа: Непочитување на полицискиот час и мерките за самоизолација

Денеска полицискиот билтен исполнет со поднесени кривични пријави поради непочитување на полициски час и самоизолација на различни локации низ Македонија, откако се вратиле од странство.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.Д.(39) од с.Лисачани, кичевско, поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 19.03.2020, во домот на пријавениот во с.Лисачани, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека С.Д. не се придржувал на изречените мерки за спроведување на задолжителна самоизолација од 14 дена, не постапил согласно мерките и препораките на Министерство за здравство, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.Д.(36) од с.Лисачани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 19.03.2020, во домот на пријавениот, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот не се придржувал на изречените мерки за спроведување на задолжителна самоизолација од 14 дена, не постапил согласно мерките и препораките на Министерство за здравство, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Н.М.(65) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 20.03.2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба  издадена од Министерството за здравство на 19.03.2020, не се придржувал на изречените мерки, односно не бил затекнат на пријавената адреса за самоизолација.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид  поднесе кривична пријава против Д.Т.(48) од Охрид, како и против Х.П.Т.(48) од Швајцарија, со привремено престојувалиште во Охрид. Тие не постапиле по мерката за самоизолација од 14 дена и не се придржувале според одредбите по писмената изјава за самоизолација, која што на 09.03.2020 своеволно ја потпишале на граничниот премин „Ќафасан“.

При контрола извршена на 19.03.2020 година, полициските службеници утврдиле дека пријавената Д.Т. не се наоѓала во нејзиниот дом  во Охрид, додека пријавениот Х.П.Т. на 18.03.2020 година е забележан како управува патничко возило, по што бил сопрен на регионалниот пат Охрид-Струга. Со тоа, пријавените ги прекршиле мерките за самоизолација и постапиле спротивно на прописите за спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против З.М.(33) од с. Градец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 19.03.2020 З.М. го напуштил домот каде што требало да биде во самоизолација 14 дена, сметано од 07.03.2020 кога допатувал од Р.Италија на граничен премин ,,Табановце“, и не постапил согласно мерките на Владата на Р.С.Македонија за спречување од ширење на заразната болест коронавирус COVID 19. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(22), од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот постапил спротивно на одлуката на Владата на Р.С.Македонија од 20.03.2020 за „забрана на движење на населението во Р.С.Македонија од 21.00 до 06.00 часот“ и на 22.03.2020 околу 21.40 часот бил сопрен од полициски службеници во близина на маркет на ул. „Страшо Пинџур’’ во Тетово и бил лишен од слобода.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.И.(26) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот постапил спротивно на одлуката на Владата на Р.С.Македонија од 20.03.2020 за „забрана на движење на населението во Р.С.Македонија од 21.00 до 06.00 часот“ и на 22.03.2020 околу 21.20 часот бил сопрен од полициски службеници во близина на наплатна рампа во с.Желино, тетовско, на автопат Скопје-Тетово и бил лишен од слобода.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(24) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот постапил спротивно на одлуката на Владата на Р.С.Македонија од 20.03.2020 за „забрана на движење на населението во Р.С.Македонија од 21.00 до 06.00 часот“ и на 22.03.2020 околу 22.30 часот бил сопрен од полициски службеници на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово и бил лишен од слобода.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.А.(33), од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот постапил спротивно на одлуката на Владата на Р.С.Македонија од 20.03.2020 за „забрана на движење на населението во Р.С.Македонија од 21.00 до 06.00 часот“ и на 22.03.2020 околу 22.30 часот бил сопрен  од полициски службеници во близина на маркет на регионалниот пат Тетово-с.Брвеница и бил лишен од слобода.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Р.А.(44), од с.Равен, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот постапил спротивно на одлуката на Владата на Р.С.Македонија од 20.03.2020 за „забрана на движење на населението во Р.С.Македонија од 21.00 до 06.00 часот“ и на 22.03.2020 околу 23.05 часот бил  сопрен од полициски службеници на ул.„Илинденска“ во Гостивар и бил лишен од слобода.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М.(53) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот постапил спротивно на одлуката на Владата на Р.С.Македонија од 20.03.2020 за „забрана на движење на населението во Р.С.Македонија од 21.00 до 06.00 часот“ и на 22.03.2020 околу 21.35 часот бил сопрен од полициски службеници на ул.„ Живко Брајкоски “ во Гостивар и бил лишен од слобода.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(54) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 19.03.2020 полициски службеници, при извршена контрола во домот на пријавениот, констатирале дека пријавениот не бил пронајден во својот дом, односно не ги почитувал мерките за самоизолација.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.А. (44) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 18.03.2020, при извршена контрола во домот на пријавениот, полициски службеници констатирале дека пријавениот не ги почитувал мерките за самоизолација, бидејќи не бил пронајден во својот дом.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Џ.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 18.03.2020 полициски службеници, при извршена контрола во домот на пријавениот, констатирале дека пријавениот не ги почитувал мерките за самоизолација, бидејќи не бил пронајден во својот дом“ стои во извештај од полцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2020 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега