Македонската полиција запре возило - Двајца веднаш приведени

Околу 22.10 часот на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Горно Седларце и Синичане, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко возило „Опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Ј.Е. од Голема Речица, во кое се наоѓал и 38-годишниот Т.Х. од Тетово.

При нивен преглед била пронајдена марихуана. која Т.Х. се обидел да ја фрли.

Тие биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2019 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега