Македонската полиција во акција: Над 800 казни поради неприлагодена брзина

Македонската полиција спроведе акциска контрола на возачи во Тетово, Штип, Струмица и Велес, при што се констатирани еден куп прекршоци поради неприлагодена брзина, но други прекршоци.

„На 21.02.2021 на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, при што биле изречени 191 санкција. Притоа, 120 од казните биле за пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-70 и ГВ-50).

Покрај ова, билa изреченa и 71 мерка (ТЕ-39 и ГВ-32) за пречекорувања на максимално дозволената брзина во населено место. Една од изречените мерки била за пречекорување за над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При контролата санкционирани се и 17 други видови прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-12). На автопатот Тетово-Гостивар, во близина на клучката за тетовско Камењане, во периодот од 20.00 до 23.00 часот полициски службеници од тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај, со употреба на „ноќен радар“ реализирале засилени контроли за брзина. Откриени и законски санкционирани биле 19 возачи, од  кои  девет ја пречекориле брзината за над 70, а десет од 50 до 70 километри на час. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции.

На 21.02.2021 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 133 прекршоци, од кои 60 на подрачјето на Штип, 21 Кочани, 2 Пробиштип, 15 Виница, 10 Делчево, 14 Берово и 11 Свети Николе. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле  и 24 останати прекршоци.

На 21.02.2021 на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 109 прекршоци и на возачите им биле изречени соодветни санкции. Констатирани биле и 39 останати прекршоци.  

На 21.02.2021 на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле регистрирани 62 прекршоци, од кои 12 во Велес, 17 во Кавадарци и 33 во Неготино, за кои ке бидат поднесени соодветни пријави“ пренесуваат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2021 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега