Македонската полиција стави лисици на рацете на три лица

Три лица биле уапсени вчера од страна на македонската полиција, во Скопје и Гостивар, откако биле фатени со дрога.

МВР информира дека околу 01.45 часот на улицата „101“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Т.(23) и М.С.(20) од Гостивар, затоа што при преглед кај нив е пронајдена марихуана. 

Претходно во 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје од улицата „Самоилова“ го привеле Е.И.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По комплетно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега