Македонската полиција приведе седум лица поради поседување на дрога

Седум лица уапсени на неколку различни локции низ Македонија поради поседување на дрога, од кои двајца се државјани на Албанија.

„На 09.10.2020 околу 23.15 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода Г.А.(21) и Ф.Ф.(26), двајцата од Р.Албанија, со привемен престој во Гостивар, затоа што при преглед кај нив и при претрес во домот каде што престојуваат, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 09.10.2020 во 08.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода П.К.(32) од Струмица, затоа што при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприцеви со црна течност и дробилки со остатоци од марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 09.10.2020  во 14.50 часот на подрачјето на општина Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.И.(47) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 09.10.2020 во 14.20 часот на бензиска пумпа на патот Битола-Прилеп, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Р.С.(44) и А.С.(46), двајцата од с.Г. Бела Црква, ресенско, затоа што при преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја и поголема сума на пари. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 10.10.2020 во 01.40 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода У.С.(29) од Кичево, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. “ соопшти полицијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2020 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа