Македонската полиција приведе две лица

Околу  17.30 часот вчера полицски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 24-годишниот Ф.Р. од тетовско Боговиње. При претрес извршен со судска наредба во неговиот дом во Боговиње, во периодот од 16 до 17 часот, била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот, против Ф.Р. ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Исто така вчера, околу 14.00 часот на улицата „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Полициска станица Гостивар го привеле 34-годишниот Е.А. од Гостивар, осуден на затворска казна за сторени повеќе кражби на поширокото гостиварско подрачје. 

Е.А. бил спроведен во Казнено-поправната установа „Тетово“ за издржување на затворската казна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега