Македонската полиција прави парче - Уапсени пет лица

Македонската полиција вчера уапси пет лица, бидејќи нелегално влегле во земјата, а од нив дел биле фатени и со дрога.

По полноќ на улицата„Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.Р.(18), Х.З.(20) и Л.М.(20), тројцата од Тетово, затоа што при преглед кај нив е пронајдена марихуана, а претходно, во 16.30 часот во хотел во Стар Дојран од слобода бил лишен Ј.И.(26) од Авганистан поради незаконски влез во Македонија. 

 Исто така, вечерта во 21 часот и 30 минути во Битола од слобода бил лишен Р.Б.Ј.(29) од Куба поради незаконско преминување на државната граница и незаконски престој во Македонија.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега