Македонската полиција направи парче - Уапсени седум лица

Во 22.30 часот во селото Жеровјане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот А.И. од Чегране, поради тоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. 

Исто така, истото време полициски службеници од Полициската станица Гевгелија на улицата „Маршал Тито“ во Гевгелија ги лишиле од слобода Б.П.(19), А.Н.(18), Ф.Д.(18), Ѓ.К.(18) и П.П.(20), сите од Гевгелија, поради тоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. 

Во 14.15 часот на Граничен премин „Деве Баир“, при пасошка контрола било констатирано дека патната исправа на З.Ф.(52) од  Албанија била фалсификувана.

  Лицето било лишено од слобода, а подоцна и предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2019 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега