Македонската полиција направи „парче" - Уапсени 13 лица

Македонската полиција вчера уапси неколку лица кои на дело ги фатила со дрога, а најголемиот број во Скопје.

Околу 04.30 часот во тетовското село Долно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(27), А.Р.(22) и А.С.(27) од скопските села Копаница и Бојане и М.Ј.(23) од тетовско Палчиште, кои биле во патничко возило „форд“, со скопски регистарски таблички. При нивен и преглед на возилото бил пронајден кокаин. 

Претходно, во  01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Самоилова“ го привеле Н.Ф.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, а истиот ден во Мало Турчане, гостиварско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Б.(24) и З.Б.(25 ) од гостиварски Балиндол, С.Ф.(31) од Беловиште и Л.М.(26) од Гостивар, затоа што при преглед кај нив бил пронајдена исто така марихуана. 

Синоќа во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле Б.К.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, додека претходно во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар ги лишиле од слобода Б.И.(22) и Љ.С.(22), двајцата од Скопје, затоа што и при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. 

Во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода и А.Ј.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена дрога.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега