Македонската полиција направи „парче" - Шест лица со лисици на рацете

Шест лица се приведени откако вчера македонската полиција ги фати со дрога.

Во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје, на улицата „Радишанска“, ги привеле 19-годишниот М.К. 24-годишниот А.С. и 22-годишниот С.Б. сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. 

Четириесет и пет минути по полноќ полициски службеници од СВР Скопје, на улицата „11-ти Октомври“, ги привеле Т.Т.(25) и Т.С.(25), двајцата од Гостивар, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. 

исто така, истиот ден во 14.50 часот полициски службеници од СВР Скопје, на булеварот „ВМРО“, го привеле Д.С.(27) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега