29-годишен жител на тетовска Стримница бил приведен во Желино откако полицијата го запрела додека возел без возачка дозвола. При контролата, во багажникот на неговиот „голф“ биле пронајдени огревни дрва за кои немал соодветна документација, како и моторна пила.

Случајот се случил на 12 октомври околу 19:30 часот. Полицијата го запрела возилото со скопски регистарски таблички и утврдила дека возачот нема дозвола за управување.
Возилото и дрвата биле одземени, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.