Македонската полиција апсеше: Приведени пет лица

Пет лица биле приведени вчера од страна на македонската полиција.

Во 12.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Босна Херцеговина“ го привеле 37-годишниот С.Г. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Исто така, во 13.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ привеле малолетничка од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена алуминиумска фолија со црна материја и цевка. 

Потоа, во 01.45 часот пред спортски центар на улицата „Лондонска“, од страна на полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода Д.Н.(30) и Е.Н.(25), двајцата од Косово,  поради постоење на основано сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“, незаконско преминување на државната граница и поради тоа што не носеле документи за идентификација. Тие биле сместени во Прифатен центар за странци - Скопје за понатамошна постапка.

Околу 22.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово од слобода лишиле малолетник од Тетово, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случаите против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега