Македонската фолкерка со порака до колешките: Продолжете да пеете за 2000 денари и тапкајте в место без никаков успех

Македонската фолк-пејачка Сања Цинцева или во јавноста позната како Сања Барбика изреволтирана испрати порака до некои свои колешките, за кои слушнала дека ја спомнувале во лош контекст, па им се обрати да им укаже зошто е подобра.

Ми кажаа дека некои анонимуси “певалки” кои пеат за 2000 денари, го валкале моето име наоколу. Па ај реков да им одговорам вака јавно. Ве разбирам, а во исто време Ве жалам, паднавте толку ниско што за да дојдете до малку публицитет и да привлечите внимание го валкате моето име и мојот углед! Вие сте далееееку позади мене, немате ни една Ваша хит песна, ниту 1 денар вложен во Вашата маалска кариера. Од тука го разбирам Вашиот гнев, љубомора, затоа што мојата кариера е богата со неколку хитови, меѓународни настапи и договори со странски продукциски куќи, нови и тренд спотови… Ви ветувам дека повеќе нема ни да Ви посветувам внимание затоа што не вреди на Вас да трошам време. Продолжете да пеете за 2000 денари и тапкајте в место без никаков успех. Ако Ви треба стучен совет побарајте ме, ќе Ви помогнам барем 10% да Ви вреди Вашиот настап во однос на мојот. Со овие Ваши постапки само се потврдува дека сте за жалење и дека сте ОЧАЈ!!! Ми е жал што ја понижувате нашата професија, ние сме вложиле многу финансии во нашите кариери, за разлика од Вас., пишува Сања Барби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.08.2020 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега