Македонската Царина вработува - плата 40.000 денари

Царинската управа на РМ објави оглас за вработување на 78 извршители на определено време до крајот на тековната фискална година, а како главна причина за тоа е наведен привремено зголемен обем на работа до крајот на 2019 година.

Во огласот се бараат советници, цариници, виши цариници, кандидати за началник на Одделение кабинет на директор во Царинска управа, инспектор со мобилен скенер, шеф на служба за проекти во Одделение за меѓународна соработка и за други работни места.

Основната нето плата за работно место началник на одделение е 39.899 денари, за шеф на служба е 34.067 денари, за водител на смена е 33.432 денари, за самостоен советник е 32.401 денари, за советник е 30.724 денари, за виш цариник е 31.053 денари, за работно место цариник е 22.887 денари, за администартивен оператор е 24.060 денари и за наплатувач е 16.571 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.01.2019 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега