Македонката Добрила зад насмевката ја крие смртта на синот: „Не успеав да го убедам дека животот е убав“

Се сеќавате ли 90 – годишната Добрила Ивановска Чабриќ  од Дојран која се појави во „Никогаш не е доцна“ и го освои регионот со својата харизма, позитивност и желба за живот. Кој би рекол дека таа крие трагедија под насмевката.

Во интервју за „Grand online“ таа откри како го преживува овој тежок период откако и почина синот.

„Јас сум силна личност. Сите тешки моменти во животот ги доживувам многу стабилно., без паника бидејќи знам дека животот е суров. Болката е силна кога ќе изгубите роденото, не успеав да го убедам мојот син дека животот е убав и да му бидам пример. Тој се откажа од себе и од животот, не сакаше да се лечи и отиде прерано. Јас немам право да тргнам за него бидејќи тој пат мене ме чека и чека. За некој месец ќе наполнам 91 година, секогаш ја гледав убавината на животот, живеењето, дружењето, љубовта кон луѓето. Најсреќна сум што имам потомци од мојот син. Јас сум среќна што мојата крв постои и оди понатаму. Јас сакам и имам сила да живеам, сакам да им бидам пример на сите“ вели Добрила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2018 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега