Македонија во топ 10: Скопје утринава помеѓу најзагадените градови во светот

Македонија и ова утро се гуши.

Според мерните станици ширум земјава најзагадено е Кавадарци со 307 микрограми на метар кубен, а веднаш зад него и скопско лисиче со 262 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички.

Потоа следува Тетово каде загаденоста е 252 ПМ 10 честички на метар кубен, па Центар, Струмица и Ректорат.

Според светската страница која го мери квалитетот на воздухот „Аирвижуал“ Македонија ова утро се наоѓа во топ 10-те најзагадени земји во светот.

Нашата земја е рангирана на 9-тото место во друштво на Индија, Авганистан, Бангладеш, Русија, Австралија како и земјите од регионот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2020 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега