Македонија умира: Оваа година над 40% повеќе умрени од 10 годишниот просек


Бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3.8 проценти и изнесува 5 065, додека бројот на умрените лица во истиот период годинава бележи  зголемување од 30.7 отсто во споредба со истото тримесечје од 2020  година и изнесува 7 209 лицa, а од нив 14 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, за природното движење на населението во Република Северна Македонија.

Со тоа природниот прираст изнесува  -2 144, што значи дека за  толку  лица е помал бројот на живородените деца од  бројот на умрените лица.Вкупно во 2020 година починале 25049 лица што е за скоро 5.000 повеќе од минатата 2019 година кога за 12 месеци умреле вкупно 20.412 лица.
Просекот за последните 10 години изнесува 19.951 смртен случај годишно што значи дека резултатот од 2020 година е за над 5.000 над просекот што е околу 25%.

Но ова и не е најцрното тримесечие. Во второто од оваа година починаа дури 7.496 лица. 

Ако се има предвид дека само во првите 3 тримесечија од оваа година вкупно починаа 21.630 лица извесно е дека оваа 2021 година ќе биде најцрната во македонската демографска историја. Ако просекот до лани беше 19.951 смртен случај годишно сега за 9 месеци сме на 10% над просекот а до крајот на годината извесно е дека ќе одиме меѓу 40% и 50% над просечната годишна смртност.Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е за 11.7 проценти зголемен во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 4 398 бракови, додека според податоците на Државниот завод за статитика, добиени се 480 извештаи за разводите

30.11.2021 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа