Македонија, Србија и Црна Гора со заедничко писмо до Европа

Македонија, Србија и Црна Гора ќе пратат заедничко писмо до Европската комисија и Дирекцијата за комуникациски мрежи, содржини и технологии на ЕУ, за спроведување на роаминг регулативата.

Денеска во Скопје писмото ќе го потпишат министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, министерот за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации на Србија, Расим Љаиќ и министерот за информатичко општество и телекомуникации на Црна Гора, Вујица Лазовиќ. 

ФОТО: Влада.мк