Македонија се разбуди во длабок „минус“. Според мерењата на УХМР во 7 часот наутро, најстудено беше на Попова Шапка со -12 степени, додека во Берово се измерени -10 степени. Ниските температури не го заобиколија ниту Скопје, каде кај Петровец се регистрирани -7 степени.

Минимални температури измерени низ градовите:

  • -12°C Попова Шапка
  • -10°C Берово
  • -9°C Крива Паланка
  • -7°C Скопје-Петровец, Куманово и Маврови Анови
  • -4°C Штип, Прилеп и Скопје-Зајчев Рид
  • -2°C Битола, Охрид и Тетово

Освен студот, регистрирана е и снежна покривка, која на Попова Шапка изнесува 24 сантиметри. Во текот на денот се очекува сончево време со умерена облачност и максимални температури до 6 степени. Во Скопје дневниот максимум ќе изнесува 4 степени.

Exit mobile version