Македонија изутринава се разбуди со температури под нулата во повеќе градови. Најстудено беше на Попова Шапка каде се измерени -4 степени, додека во Скопје (Петровец) температурата се спушти до -3 степени. Најтопло утрово беше во Гевгелија со измерени 6 степени.

Според податоците на УХМР, температури под нулата беа регистрирани и во Тетово, Маврово, Штип и Берово. Во Скопје (Зајчев Рид), Куманово и Кавадарци утрово беше измерен точно нула степени.

Exit mobile version