Македонија – Полска ќе гледаме на „Спорт клуб 2“ ама со македонски коментатор

Квалификацискиот фудбалски натпревар за Европското првенство (ЕП) во 2020 година меѓу Македонија и Полска (20:45 часот, стадион „Тодор Проески“) ќе има и телевизиски пренос, но не на национална телевизија туку на српскиот канал „Спорт клуб“.

Коментарот од тв-пренесот ќе биде на македонски јазик. ТВ-преносот ќе го врши коментаторот Бранко Илиевски на „Спорт клуб 2“.

Изминатата недела во јавноста силни беа негодувањата околу преносот од фајнал форот во ракомет кој се одржуваше во Келн, Германија. Македонскиот ракометен шампион Вардар вторпат за три години ја освои европската шампионска титула, а гледачите во Македонија се снаоѓаа кој како може за да го изгледа најважниот меч на „црвено-црните“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2019 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега