Денешното утро (12 јануари 2026) Македонија се разбуди во поларна атмосфера со температури кои на многу места паднаа длабоко под нулата. Според податоците на УХМР, апсолутен рекордер е Попова Шапка каде се измерени екстремни -16 степени, веднаш по неа се Маврови Анови со -14 и Крушево со -13 степени.

Иако во текот на денот ќе преовладува променливо облачно и сончево време, студениот северен ветер кој долж Повардарието повремено ќе засилува, само ќе го зголеми чувството на студ. Максималните температури денеска во најтоплите делови едвај ќе достигнат 3 степени, додека во Скопје термометарот ќе застане на само 1 степен.

Exit mobile version