Македонија лидер во регионот според смртноста од корона вирусот

Бројот на починати од коронавирусот во Македонија се искачи на 500, а според официјалната статистика на Министерството за здравство од почетокот на кризата до вчера регистрирани се 11.140 позитивни случаи. Од нив се уште активни се 3.667, додека 6.973 се излечени.

Досега вкупно се спроведени 105.984 тестирања што значи дека нешто повеќе од секој десетти тестиран граѓанин бил позитивен на вирусот, објави Сител. 

Според официјалната статистика, секој 22-ри позитивен случај завршува со смрт. Податоците покажуваат дека Македонија е во топ 10 во Европа според бројот на починати пациенти на 1 милион жители. Заедно со вчерашните бројки Македонија починале 240 пациенти на милион жители што е деветти најлош резултат во Европа и убедливо најлош во регионот, бидејќи најблиску до нас од земјите од поширокото опкружување е Босна и Херцеговина каде се регистрирани повеќе од двојно помалку или 110 жртви на милион жители. Во Црна Гора починале 83 пациенти на милион жители, 68 во Србија и 60 во Албанија. Најдобра статистика има соседна Грција каде од почетокот на кризата починале вкупно 209 пациенти или 20 на милион жители. 

На сила се уште се мерките за задолжително носење на заштитна опрема, а полицијата утрово информираше дека во текот на вчерашниот ден напишала вкупно 395 казни поради неносење на заштитна маска.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега