Македонија ќе купи 8.000 вакцини на „Фајзер“ од Србија по набавна цена

Владата прифатила од Србија да купи 8.000 дози на вакцини од „Фајзер“.

Премиерот Зоран Заев во изјавата која ја даде пред Граѓанскиот суд рече дека денеска разговарале со српскиот претседател Александар Вучиќ и се договориле оттаму Македонија да купи 8.000 дози на вакцината по набавна цена.

-При прифаќањето на нашите барања кои што беа испратени насекаде, претседателот Вучиќ ѝ понуди на нашата земја да помогне со вакцини. Тој ги изусти зборовите дека сака и да донира. Сме благодарни на таквиот чин. Секако, ние сме земја, имаме пари и ќе си ги платиме, па потоа од негова страна беше потврдено дека ќе ни ги дадат по набавна цена. Следуваат деталите каде што ќе разговараат министрите за здравство, и јас денеска имам уште еден разговор со премиерката Ана Брнабиќ за деталите, транспортот, регистрацијата, знаете дека сѐ уште протоколите и кај нас и во Србија се утврдуваат од соодветните Агенции за лекови, рече Заев.

Првите 5850 вакцини кои треба да пристигнат од Фајзер кон средината на идниот месец ќе бидат наменети за здравствени работници кои работат во Ковид-центрите и се на приоритетната листа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа