Времето утре променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови (над 20 l/m²), грмежи и засилен северозападен ветер, соопштија о УХМР.

Во Скопје, променливо облачнои нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и засилен ветер (над 70 km/h), локално во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер (над 50 km/h).

Утринските температури ќе се спуштат до 6 степени додека дневните ќе се искачат до 28 степени.

Exit mobile version