Македонија и Бугарија се договорија за името

Бугарија прифаќа да го користи краткото име на државата – Северна Македонија, подеднакво како и долгото – Република Северна Македонија.

Ова го договориле двајцата премиер, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, на првата средба која се одржа денеска во Скопје.„Се договоривме дека Бугарија прифаќа да го користи краткото име – Северна Македонија подеднакво како и долгото – Република Северна Македонија. Бугарија нема веќе да ја кочи употребата на краткото име во ниту една институција и за тоа ги извести Обединетите Нации (ОН)“,

рече Ковачевски на заедничката прес-конференција во Владата во Скопје.

Од друга страна, како што рече премиерот, Северна Македонија испратила вербална нота до ОН во која изречно потврдува дека двете имиња (краткото и долгото) се подеднакво валидни и оти со употребата на краткото име немаме никакви импликации прв територијалните претензии.

Сега, рече Ковачевски, премиерот Петков може слободно да го употребува името Северна Македонија во интервјуата за медиумите.

Ковачевски рече дека отстранувањето на прашањето околу името од преговарачката маса е голем чекор, а следно што треба да се направи е да се финализира договорот за прекугранична соработка за периодот од 2022 до 2029 година, каде најзначаен проект е отворање на граничниот премин „Клепало“.

Премиерите договори и за една недела од сега – на 25 јануари, да се одржи заедничка седница на двете влади, а меѓу планираните чекори најави и формирање на работни групи.

Ковачевски на заедничката прес-конференција рече дека со Петков имаат заедничка цел – да создадат услови за подобра иднина на граѓаните во двете држави.

„Северна Македонија и Бугарија се две блиски соседни држави, а Македонците и Бугарите се два блиски и пријателски народи и затоа денеска како двајца премиери се согласивме дека влегуваме во интензивна динамика на решавање на отворените прашања“,

рече Ковачевски.

 

18.01.2022 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега