Летните температури пристигнаа во Македонија уште пред официјалниот почеток на летото. Најновите официјални мерења на УХМР направени денеска точно во 11:00 часот покажуваат дека живата во термометарот веќе ја надмина границата од 30 степени Целзиусови.

Според податоците од мерните станици, традиционално најжешко е во Гевгелија, каде во 11 часот се измерени високи 30,6°C. Веднаш зад неа се Велес со 29,2°C и Струмица со 28,5°C.

Во главниот град Скопје, односно на мерната станица Скопје-Петровец, во 11 часот се измерени 27,8 степени, додека на Зајчев Рид температурата изнесува 28,2°C. Исто толку, односно 28,2°C се измерени и во Демир Капија.

Од поголемите градови во земјава, Штип во 11 часот бележи 27,0°C, Кавадарци 27,5°C, Тетово 26,4°C, а Прилеп 24,6°C.

Вистинско освежување во овие претпладневни часови има само на планинските места, па така на Попова Шапка се измерени пријатни 14,9°C, во Крушево 19,9°C, а во Маврови Анови 20,8°C. За мерните станици Пожаране и Лазорополе во моментов нема достапни податоци.

Exit mobile version