Close Menu
    Најново

    Филипче за ВМРО: Ги поминаа сите граници, ме споредија со убиец на 300 деца, доста е – се гледаме на суд

    17.01.2026 во 14:31

    Полицијата со полни раце работа: Нападнати жени и деца, тепачка со тврди предмети во Инџиково

    17.01.2026 во 14:02

    Младеновска: Владата на Мицкоски носи 10.000 странски работници додека 100.000 Македонци се без работа

    17.01.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Филипче за ВМРО: Ги поминаа сите граници, ме споредија со убиец на 300 деца, доста е – се гледаме на суд
    • Полицијата со полни раце работа: Нападнати жени и деца, тепачка со тврди предмети во Инџиково
    • Младеновска: Владата на Мицкоски носи 10.000 странски работници додека 100.000 Македонци се без работа
    • Подгответе се за студ и снег – температурите ќе паднат во длабок минус
    • Македонец падна на измамата со СМС пораките од „Пошта“: Му ја испразниле сметката со 90.000 денари
    • Филмски грабеж во струшко: Маскирани и вооружени лица ограбиле обложувалница
    • УЈП за случајот со 11-те вработени: Нема компромис за корупција, доставена е целата документација до Обвинителството
    • „Летале“ со над 100 на час низ населено место: Полицијата приведе двајца возачи во Струга и Крива Паланка
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Важна информација од ЈСП до граѓаните

    16.01.2026 во 14:14

    ЈСП со важна информација за пензионерите и студентите – бесплатните билети ќе бидат автоматски блокирани

    15.01.2026 во 14:18

    Нов скандал на Шар Планина: Обид за подмитување по нападот врз ренџерите – на сметката на Националниот парк легнале 300.000 денари без фактура

    17.01.2026 во 12:39

    Филмска кражба: Деветте запленети пиштоли на „Богородица“ биле украдени од просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје

    16.01.2026 во 14:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.