Close Menu
    Најново

    Ѓорѓиевски: Вкупниот долг на јавните претпријатија над 300 милиони евра

    10.11.2025 во 23:42

    Струга: Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа 

    10.11.2025 во 23:26

    Три хороскопски знаци ќе доживеат голема среќа во ноември

    10.11.2025 во 22:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Ѓорѓиевски: Вкупниот долг на јавните претпријатија над 300 милиони евра
    • Струга: Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа 
    • Три хороскопски знаци ќе доживеат голема среќа во ноември
    • Жена родена без мозок наполни 20 години: Лекарите ја отпишаа, денес ја нарекуваат медицинско чудо
    • Зеленски: Сите инволвирани во корупција ќе одговараат
    • Канада го изгуби статусот земја без сипаници по речиси три децении
    • Ѓорѓиевски: Од работа се отстранети 500 лица кои со месеци не доаѓале на работа
    • Возач на четирицикл тешко повреден во несреќа кај Тетово
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Мајка од пеколот: Го претепала своето 6-месечно бебе

    10.11.2025 во 12:48

    Ѓорѓиевски: Решен сум да воведам ред во Скопје

    10.11.2025 во 21:18

    Шестмесечно бебе од Кавадарци заврши на клиника во Скопје – приведена мајката

    10.11.2025 во 12:45

    Наскоро продолжен викенд – испланирајте го на време

    07.11.2025 во 09:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.