Close Menu
    Најново

    ВРЕДИ: ДУИ е последната што треба да зборува за ЕУ

    15.11.2025 во 15:42

    Попов: Инвестираме во младите, конечно ќе се финализираат зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура

    15.11.2025 во 15:34

    Лукаревска: Во Буџетот нема мерки за раст на платите

    15.11.2025 во 15:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ВРЕДИ: ДУИ е последната што треба да зборува за ЕУ
    • Попов: Инвестираме во младите, конечно ќе се финализираат зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура
    • Лукаревска: Во Буџетот нема мерки за раст на платите
    • Се запали автобус на ЈСП
    • Хаос во струшко село: Двајца претепале 20-годишник
    • Возел дрво пијан: Заврши зад решетки
    • Возач од дојранско тешко повреден откако избегнал удар во животно и удрил во канделабра
    • Сопругата на Андреј од ДНК: Бараме правда
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа низа разрешувања

    15.11.2025 во 10:22

    ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Трајановски за потпретседател го потврдува влијанието на Заев

    15.11.2025 во 10:16

    (ВИДЕО) Цветановски: Зошто по скандалот со операцииите нема поднесено кривични пријави?

    15.11.2025 во 12:30

    Ѓорче Петров добива модерен кружен тек и нови сообраќајни проекти

    14.11.2025 во 19:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.